Менаџерот на фудбалерите на Њукасл, Еди Хау, ги коментираше свирежите од навивачите упатени кон него по викенд-поразот од Сандерленд во меч од Премиер-лигата.
„Ги разбирам критиките, ги прифаќам и немам проблем со нив. Мојата прва мисла како лидер е да се истакнам и да ги прифатам. Тоа е многу, многу болен резултат, најмногу за нашите навивачи – тие се оние за кои размислувам сега“ – рече тренерот на Њукасл.
„Имам малку нешта како изговор и не сакам да одам по тој пат. Денеска не си ја завршивме работата во второто полувреме и многу сме разочарани“ – рече Хау.

