Поразот на Тотенхем од Нотингем Форес ги натера челниците на тимот да размислуваат за ново име на клупата.
„Спарси“ се над последните три екипи во Премиер лигата но, до крајот на сезоната ќе стравуваат околу опстанокот. Игор Тудор загуби на пет од седум натпревари откако беше назначен во февруари на местото на Томас Франк.
Доколку Хрватот си замине, Тотенхем ќе мора да одлучи дали да назначи друг времен тренер или да бара стратег кој ќе добие перманентен договор. Посакувани имиња се: Шон Дајч, Рајан Мејсон и Хари Реднап.

