Македонската фудбалска репрезентација ја очекува полуфиналниот натпревар од плеј-офот за пласман на СП во 2026 година.
Противник на нашата селекција е репрезентацијата на Данска со која досега имаме одиграно 3 натпревари, два биле во квалификациите за ЕП 1996 година. Во септември 1994 година Македонија во Скопје играше нерешено со тогаш актуелниот Европски шампион, Данска, а натпреварот заврши нерешено 1:1, стрелец на голот за Македонија беше Митко Стојковски.
На вториот натпревар кој с еиграше на стадионот „Паркен“ во Копенхаген, Данска славеше со 1:0.
Третиот и единствен пријателски натпревар го играа двете селекции во февруари 2013 година во Скопје, а тогаш Македонија ја забележа единствената победа против Данска со 3:0. Стрелци на головите на оваа средба беа Горан Пандев, Агим Ибраими и Николче Новески (сите во првото полувреме).
Интересно е тоа што сега пред одигрувањето на овој натпревар кој може да не однесе во финалето за пласман на СП, сите тројца се дел од Фудбалска федерација на Македонија и извршуваат одредени функции. Тогаш и донесоа радост на Македонија на теренот, сега нека и донесат среќа бодрејќи ја од трибините на стадионот „Паркен“ во Копенхаген.

