Македонската фудбалска репрезентација од вчера е во Копенхаген подготвувајќи се за утрешниот бараж натпревар за пласман на Светското првенство ова лето. Под водство на новиот селектор Гоце Седлоски, фудбалерите ќе се обидат да направат изненадување, рамно на она од Пелермо по победата над Италија и да дојдат до уште едно големо бараж-финале.
Со оглед на тоа што овој меч ќе биде прв за новиот селектор Седлоски на клупата на националниот тим останува непознаница со каква стратегија тој ќе влезе во мечот. Со оглед на неговото тренеско портфолио, би можеле да очекуваме формациски старт во 4-3-3 или 3-5-2, но изборот на фудбалерите за стартниот тим останува да биде одреден по вечерашниот официјален тренинг на „Паркен“ стадионот.
Македонија мечот го очекува со „егал-скор“ против Данска, со оглед на тоа што низ историјата имаме одиграно три меѓусебни натпревари на кои имаме остварено по една победа и пораз и едно реми. Победата дојде на пријателски меч пред 13 години, кога го Скопје бевме подобри од утрешниот наш домаќин со 3:0. Тројцата стрелци на тој меч, Пандев, Ибраими и Новески, и овој пат се со репрезентацијата овде во Копенхаген, но со таа разлика што сега се во позиција на фудбалски функционери.
Попладнево од 18 часот е закажана официјалната прес-конференција на Седлоски и капитенот на нашата репрезентација, додек аод 19 часот нашата селекција ќе тренира на „Паркен“. За утре е најавено присуство на околу 1000 македонски навивачи, кои ќе бидат дел од комплетно распродадениот стадион во данската метропола.

