Фудбалерот од средниот ред на италијанскиот Интер, Хакан Чалханоглу, ја откри причината за добрите резултати под водство на главниот тренер Кристијан Киву, кој претходно работеше со младинскиот тим на „нероаѕурите“.
„Кога почна да работи со нас, сите го прифатија многу брзо. Киву им дава можност на сите да настапат, вклучително и на помладите играчи“ – рече Чалханоглу.
Романецот седна на клупата на Интер во изминатиот јуни.

