„Скај Спорт Италија“, наведе дека напаѓачот на Наполи, Ромелу Лукаку, може да биде суспендиран и да го пропушти крајот на сезоната доколку не се врати во Неапол пред крајот на месецов.
Лукаку самоиницијатвно е во Антверпен – Белгија за да тренира и да биде блиску до семејството барем уште една недела. На тоа реагира италиајнскиот тим кој најави казна па дури и суспензија на голгетерот.
Шпекулациите велат дека Лукаку во текот на летото ќе си замине од Серија „А“ бидејќи има понуди од Турција и Блискиот Исток.

