Џон Оби Микел, поранешниот играч од средниот ред на Челзи, проговори за коментарите на капитенот, Фернандез, дека сака да живее во Шпанија.
„Тоа не е лидер. Доколку тимот имаше лидери кои играчите ги почитуваат, тие немаше да даваат такви изјави“ – рече Оби Микел.
„Не можете да давате такви изјави особено кога ја носите капитенската лента. Ниту еден играч не е поважен од клубот“ – рече некогашниот фудбалер на лондончани.

