Ракометарите на Охрид денеска треба да го направат решавачкиот чекор за пласман меѓу најдобрите четири екипи во Европскиот Куп на ЕХФ.
Тие по триумфот на гостувањето кај Олимпијакос со 31:26, попладнево од 18.00 часот во веројатно преполната сала – „Билјанини извори“ ќе го одиграат реваншот со грчкиот тим. „Гладијаторите“ ќе бидат комплентни и максимално одморени бидејќи на мечот со Вардар настапија речиси со младинскиот тим.
Раководството на клубот, упати апел за фер и коректно навивање. Евентуалниот пласманот во полуфиналето на Европскиот Куп ќе биде историски момент за Охрид.

