Фудбалерот на Баерн Минхен, Леон Горецка, објасни зошто одлучил да остане до крајот на сезоната иако беше поврзуван со клубови од Премиер лигата, Ла Лига и Серија А.
„Во јануари донесов свесна одлука да останам тука до летото. Чувствувам дека сè е навистина можно оваа сезона. Вистинските играчи се на вистинската позиција, со вистинскиот тренер, во вистинскиот клуб.“ – рече Германецот.
„Верувам дека можеме да освоиме сè оваа сезона – иако знам колку е тешко. Но, ќе се обидеме“ – рече Горецка.

