Викендов во Будо центарот „Недеви“ се одржа 58-от МТКФ Државен шампионат во традиционално карате во кати, за сениори, јуниори, кадети и деца. Во најсилната, сениорска конкуренција, нов државен шампион стана Матеј Мангаровски, пред Матеј Јарчевски и Андреј Мишиќ кои ги освоија сребрениот и бронзениот медал. Кај сениорките нова државна шампионка е Јана Милевска. Таа зад себе ги остави Берта Милевска и Ангела Богдановска.
Кај кадетките златото го освои Камелија Недев, додека кај кадетите шампион стана Александар Зафировски.
