Дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Максимилијано Араухо, изрази оптимизам пред првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Арсенал.
„Знаеме дека ќе биде многу тешко, но ние сме подготвени. Во добра фаза сме од сезоната. Верувам дека ќе има одлични натпревари“, рече Араухо.
„ Имаме шанса да се квалификуваме во полуфинале за прв пат во историјата на клубот. Сепак, ние сме целосно фокусирани“, нагласи дефанзивецот на „зелено-белите“.

