Капитенот на Баерн Минхен, Џошуа Кимих, ги сподели своите очекувања за гостувањето на Реал Мадрид во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите.
„Реал е уникатен по тоа што може да создаде можности за гол од секоја ситуација. Најважно ќе биде да ги покажеме нашите силни страни“ – рече Кимих.
„Кејн е многу важен за тимот, тоа е јасно. Тој е огромен фактор во нашата игра. Се надевам дека ќе ги покаже своите најдобри квалитети“ – рече играчот на Баварците.

