Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, се осврна на вчерашниот пораз од Баерн Минхен во првиот меч од 1 /4 финалната фаза во Лигата на шампионите.
Неговите избраници загубија на домашен терен на „Сантијаго Бернабе“ со 2-1, што значи дека ќе мора да одиграат многу подобро во реваншот на Алијанц Арена доколку сакаат да останат во елитата на Европа.
„Инсистирав дека мора да го подобриме нашиот посед, да продолжиме да ја држиме топката. Нашиот гол ни даде надеж, но тоа беше ноќ кога игравме против талентиран и опасен тим“ – рече Арбелоа.

