Тренерот на фудбалерите на Спортинг, Руи Боргес, вели дека неговиот тим не заслужи да загуби од Арсенал во првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампионите.
Португалците одиграа солидно во најголемиот дел од средбата, но, англичаните сепак дојдоа до еден гол што им донесе гостинска победа.
„Нормално е да се чувствувате малку разочарани по одличната игра против екипа од врвна класа. Ако ги погледнете целите 90 минути, имавме три или четири чисти шанси, додека тие немаа ниту една. Ни требаше само повеќе острина пред голот“ – рече тренерот на Спортинг.

