Легендата на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс именуваше осум играчи од актуелниот состав на Манчестер Јунајтед кои би ги продал веднаш. Поранешниот играч од средниот ред на Манчестер Јунајтед за подкастот „Добриот, лошиот и фудбалот“ изјави дека Џошуа Циркзи и уште седум други актуелни играчи на Манчестер Јунајтед треба да го напуштат клубот.
Меѓу оние кои според Сколс треба да бидат продадени се Лени Јоро, Мазрауи, Лук Шо, Доргу, Мегваер, Маунт и Угарте.
„Мислам дека Јоро имаше тежок период. Ако требаше да бирам сега, веројатно би го продал. Мазрауи не знам како ќе се вклопи во тимот, Лук Шо кога играше константно, речиси и да немаше подобри леви бекови во светот, а камоли во Европа, Но, ако ме прашате сега… би го продал“, изјави меѓу другото Сколс.

