Дефанзивецот на Реал Мадрид, Раул Асенсио, кој не играше на последните три средби, вели дека тоа е одлука на тренерот.
-Не разбирам зошто правите толку голема работа од тоа. Тренерот е задолжен за играта, тој ги става играчите на теренот. Имам огромно почитување кон него и кон сите мои соиграчи, напиша Асенсио на социјалните мрежи.
Причина за неговата објава се реакциите на фановите на Реал на социјалните мрежи.

