Манчестер Јунајтед во текот на летото ќе има подготвителни мечеви во Финска, Норвешка, Шведска и Ирска, стои во објавата на тимот од „Олд Трафорд“.
„Црвените ѓаволи“ на 18 јули во Хелсинки ќе играат со Рексам. Потоа ќе се соочат со Розенборг во норвешкиот град Трондхајм а на 1 август со Атлетико Мадрид во Стокхолм. Во Шведска ќе имаат уште еден меч и тоа против Пари Сен Жермен во Гетеборг.
Англискиот гигант завршниот контролен меч ќе го има на 12 август и тоа во Даблин против екипата на Лидс.

