Со голот на Цветковиќ од слободен удар во 24. минута, екипата на Вардар славеше со 1:0 во големото градско дерби против екипата на Работнички (1:0). Во меч во кој и двата тима се обидуваа да наметна своја игра, еден момент од прекин го реши дуелот.
Вардар ги освои многу важните бодови во трката со Шкендија за шампионската титула, а Работнички и натаму се наоша во многу неповолна ситуација во битката за „гол-живот“, односно опстанок во елитата.
Во вториот попладневен дуел од 27. коло во ПМФЛ, екипата на Силекс дојде до победа над Башкими од 1:0. Стрелец на победничкиот гол за кратовци беше Додев од пенал во 69. минута.

