УЕФА ги назначи судиите за реваншите од 1 /4 финалето во Лигата на фудбалските шампиони меѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид и Арсенал-Спортинг.
Славко Винчич од Словенија ќе го води натпреварот меѓу германскиот и шпанскиот тим. Негови помошници ќе бидат Томаж Кланчник и Андраж Ковачиќ а четврти судија ќе биде Давид Шмајц. ВАР тимот ќе го водат Холанѓаните Пол ван Боекел и Денис Хиглер.
Средбата на англискиот Арсенал и португалскиот Спортинг ќе ја суди француски тим предводен од Франсоа Летесие. Ќе му помагаат Сирил Муние и Мехди Рахмуни а Стефани Фрапарт ќе биде четврти судија. Во ВАР собата главниот збор ќе го има Германецот, Бастијан Данкерт, додека Белгиецот, Брам ван Дрише ќе биде негов асистент.

