Фудбалерите на Барселона доцна вечер ќе гостуваат кај Атлетико Мадрид во реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Тренерот на каталонците, Ханси Флик, верува дека неговите избраници може да ја анулираат негативата од 2-0.
„100% ќе бидеме фокусирани. Верувам во мојот тим, треба да бидеме силни во нападот“ – рече Флик.
„Имаме квалитет, во натпреварите против Атлетико неколку пати бевме подобриот тим“ – нагласи тренерот на Барса на задолжителната прес-конференција.

