Барселона доцна синоќа оствари пирова победа на гостувањето кај Атлетико Мадрид со 2-1 во четвртфиналето во Лигата на фудбалските шампиони бидејќи избраниците на Ханси Флик се елиминирани со вкупни 3-2.
„Разочарани сме. Имавме многу можности, особено во првото полувреме. Имавме шанса да постигнеме трет гол, но наместо тоа примивме еден„ – рече Флик.
„Требаше да се подобриме, но на крајот тимот даде сè. Тие направија одлична работа. Наредниот чекор е да ја освоиме Ла Лига“ – рече тренерот на Каталонците.

