Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Сити, Родри, заработи нова повреда на викенд -дербито со Арсенал. Тој ќе биде подложен на допонителни тестови.
Родри пропушти значаен дел од првата половина од сезоната поради повреда на тетивата и практично целата сезона 2024/2025 поради скинат преден вкрстен лигамент.
Доколку проблемот се покаже како посериозен, тоа би можело да го загрози неговото учество на Светското првенство во текот на летото во САД, Канада и Мексико.

