Од утре во Скопје ќе започне Светското училишно првенство во ракомет, со учество на 36 селекции.
Македонските тимови добија атрактивни групи. Во машкиот дел ќе играме со Република Српска, Грузија, Бугарија и Саудиска Арабија. Ракометарките ќе бидат во друштво на Белгија, Грузија и Словачка.
Свеченото отворање ќе биде денеска на Плоштад Македонија со почеток во 19:30 часот.

