Тренерот на фудбалерите на Комо, Цеск Фабрегас, вели дека неговите избраници мора да го заборават поразот од Интер во Купот на Италија и да размислуваат само за наредните мечеви.
„Мора да продолжиме да работиме. Секако дека сум разочаран. Исто така, учам многу во однос на комуникацијата по натпреварите“ – рече Фабрегас.
„Малите детали се клучни. Ни остануваат уште пет натпревари во првенството и не можеме да си дозволиме да правиме грешки“ – рече тренерот на Комо.

