Капитенот на Интер, Лаутаро Мартинез, ќе го прескокне гостувањето кај Торино во текот на викендот но, ќе биде подготвен за мечот со Парма во Серија „А“ закажан на 3 мај.
Тој во краток период се повреди два пати, по што лекарите одлучија превентивно да му дадат повеќе време за целосно опоравување.
Медиумите наведуваат дека Аргентинецот може и претходно да се вклучи во тимот доколку за тоа има потреба.

