Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, со одлука на Основниот кривичен суд доби 30-дневен притвор. Ова е на барање на Јавното обвинителство кое поведе истрага против Сејдини откако вчера беше уапсен поради сомневање на финансиска проневера од околу 660.000 евра.
Мерката притвор е одредена поради сомневање дека лицето сторило Кривично дело Проневера во службата.

