Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, принудно беше повлечен од теренот во 80-та минута на вчерашното гостување кај Бетис во меч од Примера Дивизион.
Медиумите денеска објавија дека Французинот има истегнување на мускулот на задниот дел од левата бутина. Според нив, брзоногиот фудбалер сам побарал од тренерот Арбелоа да го напушти теренот.
Мечот заврши без победник со што „кралевите“ речиси сигурно отпаднаа од трката за титулата.

