Дефанзивецот на Арсенал, Вилијам Салиба, е уверен дека тимот може да ја прекине серијата со освоени втори места во Премиер лигата.
„Тука сум четири години и секогаш завршувавме втори. Ако го промениме тоа, секако дека би бил огромен успех. Уверен сум дека можеме да го направиме тоа“- рече Салиба.
„Топчиите“ кои го делат првото место со Манчестер Сити денеска ќе го пречекаат Њукасл во 34-тото коло од Премиер лигата.

