Федерацијата на училишен спорт на Македонија излезе со честитка за нашите репрезентации кои со денешните победи си обезбедија место во полуфиналето на Светското училишно првенство во ракомет што се одржува во Скопје.
Ракометарите утре ќе играат против Србија за место во финалето додека ракометарките ќе одат на мегдан со Романија.
„Како Федерација на училишен спорт на Македонија не можеме да бидеме погорди. На двата меча трибините во салите „Македонски Херои“ и „Македонско Сонце“ беа исполнети. Среќни сме за што овој прв историски голем настан за спортска Македонија во рамки на училишен спорт има голема заинтересираност. Денеска нашите две селекции имаа поддршка од бројни македонски легенди “ – порачаа од Федерацијата на училишен спорт на Македонија.

