Поранешниот напаѓач на Јувентус, Фабрицио Раванели, изјави дека клубот од Торино не треба да го ангажира Роберт Левандовски поради неговите години.
Претходно се појави информација дека Јувентус е заинтересиран за напаѓачот на Барселона.
„Според мене, тоа би испратило погрешна порака до навивачите и системот на Јувентус. Тоа би бил чекор назад. На Јувентус му се потребни играчи кои сакаат да изградат кариера“ – рече Раванели.

