Претставниците на Интер се согласија со условите што ги постави голманот на Тотенхем, Гиљермо Викарио, објави „Газета дело Спорт“.
Тој треба да биде замена за Јан Зомер кој ќе си замине на крајот на шампионатот откако ќе му истече договорот.
Викарио во сезонава има 43 настапи за Тотенхем во сите натпреварувања. Тој има искуство од Серија „А“ бидејќи на времето играше за Емполи.

