Тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани, по ремито 3-3 против Хајденхајм зборуваше за она што баварците ги очекува следната недела, односно реваншот со ПСЖ во Лигата на шампионите.
„Секогаш мора да ги почитуваме нашите противници. Борбата за опстанок понекогаш им дава многу сила на тимовите. Првото полувреме помина добро за Хајденхајм, но не и за нас. Разбирам дека работите не можат секогаш да бидат совршени, но начинот на кој успеавме да се вратиме одново и одново не е нешто што треба да се земе здраво за готово. Сега кога натпреварот заврши, сите се вратија во нормала. Тоа е она што го сакавме. Сега можеме да се фокусираме на натпреварот во среда“, рече Компани.

