Менаџерот на фудбалерите на Астон Вила, Унаи Емери, вели дека Тотенхем сосема заслужено излезе како победник од вчерашниот меч одигран во Премиер-лигата.
„Се соочивме со тим кој играше фантастично. Им беа потребни бодовите и се бореа за да ги освојат. Тотенхем доминираше во првото полувреме, ние не заслужувавме ништо повеќе“ – рече Емери.
„Мораме да го прифатиме поразот. Во второто полувреме реагиравме но, тоа не беше доволно. Тие беа многу подобри на теренот“ – потенцираше Емери.

