Фудбалска федерација на Македонија ја информираше јавноста дека Ванче Шиков повеќе не е дел од стручниот штаб на нашата „А“ репрезентацијата.
Тоа значи дека селекторот, Гоце Седлоски ќе треба да ангажира ново име. Воедно ФФМ ја прекина соработката и Љупчо Трајковски, кој е спортски директор на Тиквеш.
Тој имаше ангажман во Спортската академија на ФФМ и воедно како асистент во репрезентацијата до 15 години.

