Лигата на фудбалските шампиони денеска ќе го добие првиот учесник во големото финале во Будимпешта. За таму, на стадионот – „Емирати“ ќе се борат Арсенал и Атлетико Мадрид.
Англичаните покажа квалитет во патувањето низ Европа. Тимот прво ја освои групната фаза а потоа во елиминациите беше подобар од германскиот Баер Леверкузен и португалскиот Спортинг (Лисабон). Атлетико Мадрид со многу подеми и падови успеа да се протне до полуфиналето. Шпанците ги елиминираа англискиот Тотенхем и големиот ривал од Примера – Барселона.
Арсенал: Раја; Вајт, Салиба, Габриел, Хинкапие; Зубименди, Рајс, Езе; Сака, Ѓокерес, Мартинели.
Атлетико: Облак; Љоренте, Пубил, Ле Норманд, Ругери; Симеоне, Коке, Кардосо, Лукман; Алварез, Гризман.

