На возраст од 61 година, по долго боледување, почина Сами Адеми, долгогодишен коментатор во Македонската Радио-Телевизија.
Адеми беше дел од спортската редакција на втората програма на националниот сервис. Негова главна окупација беше фудбалот но, покриваше и други области од спортското живеење.
Сами Адеми ќе остане запаметен како еден од симболите на спортското новинарство во Македонија.

