Мајкл Карик ќе добие понуда да потпише перманентен договор и да остане на клупата на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед, објави весникот – „Гардијан“.
Одредени извори тврдат дека спортскиот директор, Џејсон Вилкокс и извршниот директор, Омар Берада, се импресионирани од работата на менаџерот.
По неговото доаѓање во јануари, составот од „Олд Трафорд“ победи на 10 од 14 натпревари во Премиер лигата и обезбеди место во Лигата на шампионите за наредната сезона.

