Денеска на средба со новинарите беше најавено свеченото отворање на Плазма Спортските игри за млади кое ќе се одржи утре на Плоштад Македонија со почеток во 12 часот.
На присутните им се обратија министерот за спорт Борко Ристовски, претседателката на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, Елена Мицковска, извршниот директор на Плазма Спортските игри за млади, Славен Мариќ, генералниот директор на Пивара Скопје, Огњен Лазиќ, претседателот на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје, Санел Кустурица и извршниот директор на Шпаркасе Лизинг, Марјан Манчев.
Во најмасовната младинска спортска манифестација во Европа годинава ќе бидат вклучени над 27.000 деца од нашава земја. Најдобрите од регионалните натпревари ќе настапат на финалниот државен натпревар а најуспешните потоа ќе ја претставуваат Македонија на завршницата во Сплит.

