Македонскиот мотоциклист Христијан Бузалковски изминатиот викенд оствари извонреден резултат освојувајќи го третото место на FIM European STK1000 CUP, уште еднаш потврдувајќи го својот талент, посветеност и шампионски дух.
„Викендов стартуваа првите трки од FIM EUROPEAN STK 1000 CUP на стазата Гробник во Хрватска. Имавме добри квалификации и бевме блиску со сите возачи во нашата класа! Успеавме на двете долги трки и на спринтот да завршиме на третата позиција, иако имавме шанса за повисоко место на подиумот, но тоа се трките. Сезоната е долга, знаеме каде треба да напредуваме во однос на другите возачи од нашата класа и ќе дадеме се од себе за следната трка да се претставиме уште подобро! Огромна благодарност до сите наши поддржувачи, спонзори и фанови! Без вас ништо од ова не би можело да се реализира!“, изјави Бузалковски.
Поддршката на спортот и спортистите е важен дел од стратегијата на Видеолотарија Касинос Австрија како општествено одговорна компанија, која континуирано инвестира во развојот на спортот и промовирањето на здрави животни вредности и спортски навики кај младите.

