Фудбалерите на Вардар денеска гостуваат кај екипата на Струга Трим Лум во натпревар од 32.коло во ПМФЛ.
Ова е натпревар кој нема никакво значење за домашната екипа, но може да биде за Вардар. Доколку „црвено-црните“ од Струга се вратат непоразени, без разлика на исходот на дуелот во Тетово каде што играат Шкендија и Брера Струмица, и теоретски би ја обезбедиле шампионаската титула. Тоа ќе значи дека последниот натпревар меѓу Вардар и Шкендија нема да има значење во битката за титулата и ќе се игра за престиж за двете водечки екипи во Мак фудбалот.
Двата меѓусебни дуели оваа сезона меѓу Струга Трим Лум и Вардар завршија без победник. Во Скопје беше 2:2, додека последниот натпревар во Струга заврши 1:1.
Натпреварот меѓу Струга Трим Лум и Вардар е закажан за 16:00 часот, на „Градскиот стадион“ во Струга. Истовремено ќе се играат уште два натпревари, оној во Тетово и дуелот во Кратово меѓу Силекс и Арсими.
photo: ffm.mk

