Во пресрет на Сениорски куп на Македонија беше најавен почетокот на новата сезона за нашиот рекордер во скок во далечина, Андреас Трајковски, како и новото партнерство меѓу АК Работнички и „Jumpers World Sportswear“.

„Андреас се наоѓа во одлична форма. Во наредниот период главната цел е да обезбеди пласман преку ранкинг системот за Европско првенство во атлетика во Бирмингем по што ќе следува и настап на Медитеранските игри во Таранто“ – нагласи првиот човек на АК Работнички Кире Синадиновски.
„Се чувствувам одлично и очекувам да го надминам мојот најдобар резултат од 7.91 метри а зошто да не ја прескокнам и магичната граница од 8 метри. Се надевам дека ќе обезбедам пласман за Европското првенство во Бирмингем. „Jumpers World Sportswear“ ги опремува атлетските клубови Црвена Ѕвезда и Младост и се надеваме дека повеќе клубови од Македонија ќе се одлучат за овој спортски бренд“ – нагласи Трајковски.

