По реакцијата на Министерството за спорт на вчерашната приватна прослава на ФК Вардар кога во еуфорија беа користени навивачки песни со навредлива содржина, денеска се огласи и првиот човек на „црвено-црните“, Миленко Неделковски.
„Во мое име пред сѐ, а и во име на клубот ѝ се извинувам на Каролина Гочева бидејќи во еуфорична прослава испеавме стандардна, но, за жал вулгарна, навивачка песна“ – вели Миленковски.
„ Но, од машка гледна точка а имајќи ја предвид Битола, кому таква песна да пееме? Нa Весна Бендевска ли? Во Вардар играат и работат мажи со префинет вкус“ – стои во малку и саркастичната објава на Неделковски.

