Фудбалерот на Ливерпул, Џо Гомез, се осврна на вчерашниот пораз кај Астон Вила во дуел од Премиер-лигата. Неговиот тим е во конуренција за да обезбеди квалификации за ЛШ.
„Во Премиер лигата, разликата е мала и тоа го зголемува разочарувањето. Но, не можеме да седиме и да се сожалуваме. Знаеме што треба да направиме следниот викенд – мора да го победиме Брентфорд дома“ –рече играчот на Ливерпул.
„Се надеваме дека ќе ја завршиме сезоната со позитивна нота – тоа е целта“ – рече 28-годишниот Гомез за официјалната веб-страница на клубот.

