Пеп Гвардиола ќе го напушти Манчестер Сити на крајот од сезоната. Веста ја објави новинарот на „Дејли Меил“, Оливер Холт, кој истакна дека натпреварот против Астон Вила во 38-то коло од Премиер лигата ќе биде последен за Шпанецот во Манчестер!
Холт истакна дека Гвардиола ќе го напушти Сити на крајот од сезоната и дека церемонијата на збогување е закажана за в недела. Потоа новинарот Алфредо Педула ја презеде приказната, веднаш известувајќи дека Енцо Мареска е водечкиот кандидат за замена на Пеп.
Веста подоцна беше потврдена од Би-Би-Си. Засега сè уште нема вести од клубот или од Гвардиола, но сè друго укажува на потребата да се навикнеме на новата реалност.

