Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Силекс и Шкендија вечерва во битка за Куп трофејот !
    Фудбал

    Силекс и Шкендија вечерва во битка за Куп трофејот !

    risteBy riste20/05/2026No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Вечерва се игра финалето на Купот на Македонија во фудбал, а кога се игра финале нема фаворити и аутсајдери. Финалето е еден меч во кој може било кој тим да победи. Секако дека голема улога ќе имаат тренерите, кои треба да ги подготват своите тимови за ваков натпревар кои може да го одлучи само еден потег.

    И двајцата тренери, Александар Васоски (Силекс) и Јетон Беќири (Шкендија) се едни од нашите најдобри тренери во изминатите години, тоа го покажаа со резултатите на екипите кои ги предводат. Васоски со Вардар ја освои титулата во сезоната 2019/20, а Беќири со Шкендија минатата 2024/25 сезона.

    Но, и двајцата немаат пехар во Купот на Македонија, токму затоа и двајцата имаат голем мотив на вечерашниот дуел.

    На Васоски ова му е второ финале. Во првото, како тренер на Брера во 2021 беше поразен од неговиот сегашен тим, Силекс. Значи ова ќе биде негов втор обид за освојување на трофејот. Од друга страна на Јетон Беќири ова ќе му биде прво финале како тренер во Купот на Македонија и ќе се обиде да освои трофеј оваа сезона.

    Натпреварот на арената „Тодор Проески“ започнува во 20 часот

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.