Новиот фудбалски шампион Вардар започна со конкретни чекори за задржување на костурот на тимот за наредната сезона.
Раководството на „црвено-црните“ постигна договор за продолжување на соработката со четворица фудбалери. Во редовите на Вардар и следната сезона ќе остане голманот Методија Велковски, како и стоперот Ненад Мишковски.
Покрај нив, довербата е продолжена и кон играчите за врска Филип Дурански и Горан Закариќ, кој со своето искуство и стабилност во средниот ред даде значаен придонес во текот на шампионската сезона.
Од Вардар ставаат до знаење дека покрај неизбежните заминувања, приоритет е зачувување на јадрото на тимот, но исто така е најавено и пристигнувања на нови засилувања. Вчера беше објавено заминувањето на Фаустин Сегнор.

