Фудбалерите на Силекс славеа со 1:0 против Шкендија во финалето на Купот на Македонија. По натпреварот на прес-конференцијата се обрати тренерот на Силекс, Александар Васоски.
„Според очекувањата, вечерашниот натпревар беше тежок. Шкендија можеби беше подобар противник во поле, но тоа беше дел од тактиката. Не може секој натпревар особено на ваков важен меч да се игра атрактивно. Одигравме како што се договоривме. Свесно го префрливме Додев на левата страна, да направи вишок и успеавме во тоа, дадовме гол на време и сметам заслужено го освоивме Купот. Им честитам на момците, ако минатата за малку ни избега трофејот во шампионатот, оваа година го земавме Купот што е голем успех за нас.
Ова не беше најдобар натпревар на Силекс сезонава, но првично се договоривме да ги затвориме сите приод и после 60-та минута да удриме со силно оружје. Затоа можеби Мирчевски остана на клупата, но токму во тие мигови кога се одлучуваше мечот поентиравме“, изјави Васоски.
За Силекс ова беше четврти трофеј во Купот. Претходно кратовци го освојуваа во 1994, 1997 и 2021 година.

