Манчестер Јунајтед, Астон Вила, Њукасл и Ливерпул, може да влезат во трката за потписот на младиот фудбалер на Хофенхајм, Базумана Туре, најавија дел од медиумите во Англија.
Според нив, „црвените“ се во пол-позиција бидејќи ги започнале преговорите за ангжман на 20-годишниот интернационалец од Брег Слонова Коска. Црномурестиот фудбалер во сезонава одигра 30 мечеви со ефект од пет голови и 9 асистенции.
Неговата трансферна вредност е околу 40 милиони евра. Туре има и пет настапи за неговата татковина.

