Фудбалерот, Кристијан Ромеро, кој игра во срцето на одбраната на Тотенхем, може да добие понуда да се пресели во Барселона, откриваат дел од медиумите во Англија.
Каталонците сакаат да ја засилат одбраната и затоа размислуваат да започнат преговори со централниот дефанзивец на „спарси“.
28-годишниот Аргентинец во сезонава се појави на 32 меча во сите конкуренции со ефект од шест голови и 4 асистенции.

