Маурицио Сари е многу блиску до преземање на кормилото на Аталанта, наведува новинарот, Николо Скира, со напомена дека преговорите меѓу двете страни влегле во последната фаза.
Се очекува 67-годишниот Сари набрзо да си замине од Лацио и да потпише договор со екипата од Бергамо до летото во 2029 година со плата од 3,5 милиони евра по сезона.
Тоа ќе биде втората најавена тренерска промена во Серија „А“ на крајот на сезоната ако се знае дека и Антонио Конте ќе си замине од редовите на Наполи.

